Уникатни цветни аранжмани и подароци за секоја прилика.

Нашата визија, мисија & пасија.

Препознатлив бренд кој со години поставува стандарди во светот на цвеќето.
Професионалност, квалитет и љубезност се епитетите од кои не отстапуваме. Gladiola flowers & gifts, своите почетоци ги наоѓа уште во 1996 година, почнуваќи како мал семеен бизнис, кој се темели на љубов према естетското и висок квалитет на разновидни растенија и внимателно одбрани цветови кои со својата елеганција и деликатност ги носат купувачите во еден романтичен, миризлив свет во кој имаат можност да го одберат најдоброто за себе или како подарок за своите најсакани.
Gladiola flowers & gifts, го добива своето име токму по нежната и миризлива летна принцеза – гладиола, која е своевиден заштитен знак на нашето мало кралство.
Како би ја славеле убавината на цвеќињата кои несомено носат доза на грациозност и луксуз во нашите животи, ние создаваме уметност токму од нив – креираме, изработуваме и доставуваме уникатни цветни аранжмани и подароци, со огромна внимателност и љубов, кои секогаш кога ќе пристигнат во рацете на оној за кој се наменети, предизвикуваат насмевка. 

Искусните раце и љубезниот тим, ќе ви помогне да го одберете совршениот подарок за вашите најсакани, правејќи го секој ден посебен и незаборавен. Без разлика дали станува збор за обичен ден или специјална прилика Gladiola flowers & gifts се тука да ви помогнат да ја остварите секоја магична и бајковитаидеја реалност.

Внимателно го одбираме секој цвет – саксиски или режан, трганувајќи од идејата за квалитет и луксуз, па токму затоа нашиот избор се увозните ексклузивни цвеќиња од Холандија и Еквадор. Страста и огромниот асортиман на цвеќе, растенија и украсни материјали нé издвојува од останатите правејќи нé омилено место за купувачите кои уживаат во пресоналнизираниот пристап и можноста да добијат и повеќе од тоа што замислиле.